Нова закон: За секоја добивка на спортска ќе се плаќа данок

Најновите предлози за измени и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход кои ги уредуваат посебните игри на среќа немаат праг на ослободување од данок на добивка, односно секоја поединечна добивка да се оданочува со 10% од вредноста на исплатата, не се во согласност со реалното работење на спортските обложувалници и ќе резултираат со намалување на изборот и задоволството на играчите на игри на среќа во Македонија.

Ова на прес-конференција денеска го кажаа претставници на Асоцијацијата на спортски обложувачници на Македонија – АСОМ, кои дадоа свој коментар во однос на предлог законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, кој како што велат, е некомпатибилен со европското законодавство и начела за заштита од монополска позиција.

- Предложените измени во член 54 и член 55 согласно Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход претставува негативен преседан во европската правна пракса и истовремено кршење на основните правила на Лисабонскиот договор кој е неофицијален устав на Европската унија, како и многуте директиви на ЕУ кои изразито забрануваат двојно оданочување и нерамноправна – монополска позиција на една група во однос на друга, велат од АСОМ.

Посочија примери од европско законодавство каде во поголем број држави, кога се оданочува добивката, се применува оданочување на износот на добивката над одредена сума. Таа сума се движи од 500 евра па нагоре, а најчестиот праг за оданочување на добивката е меѓу 3.000 и 4.000 евра, бидејќи тоа е како што велат, реално најниската сума која претставува вистинска добивка на овој тип на игри на среќа.

Сметаат дека дека предложеното законско решение е неприменливо во пракса и ќе доведе до огромно незадовоство кај голем број играчи кои постепено ќе се свртат, односно враќаат кон илегалниот пазар.

Од АСОМ предлагаат привремено да се стопира или одложи Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за персонален данок на доход од собраниска процедура, поради дополнителни консултации, истражувања, пресметки и евентуални промени на членот 54 и членот 55. Во таа фаза нудат максимална ангажираност и кооперативност со Министерството за финансии околу донесување на квалитетно и издржано решение, кое ќе биде трајно и недвосмислено.

 

 

12.12.2013 - 23:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега