Вардар порибен со 110 килограми крап

Реката Вардар денеска кај месноста Варница беше порибена со 110 килограми крап од страна на спортското риболовно друштво „Дошница“ од Демир Капија. 

Рибата ја обезбеди „Акватика” од Неготино, фирма за производство на репродуктивен и материјал за порибување.

- Ова е второ порибување годинава. Нашето здружение ги има под концесија ловиштата на реката Вардар на потегот од ТЕЦ „Неготино” до урнатиот мост близу селото Градец, информира „Дошница”.

Во „Дошница” членуваат стотина риболовци од Демир Капија и околните села, но на  Вардар бидејќи е богата со сом и крап, на риболов доаѓаат и рибари од Скопје, Велес и Неготино. 

12.12.2013 - 16:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа