Три лица повредени во сообраќајка кај „Три Бисери“ во Аеродром

Во сообраќајна несреќа која се случи попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во населбата Аеродром кај „Три Бисери“, три лица беа полесно повредени. Веднаш со амбулантно возило тие биле пренесени во Ургентниот центар. Во сообраќајката учествувале три патнички моторни возила „пежо“ со кумановски регистрации и две возила „голф“ со скопски регистарски таблици. 

Во СВР Скопје сообраќајната несреќа била пријавена во 15:35 часот.

12.12.2013 - 16:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега