КАТАСТРОФАЛНО ОТКРИТИЕ: Голем број музеи останале без вредни артефакти како Музејот на Македонија

Катастрофата која се случи во Музејот на Македонија каде полицијата сеуште не може да утврди колкав број на артефакти недостасуваат, ја делат повеќе музеи во земјава, потврдуваат за Пресс24 од МВР. Со години наназад не било евидентирано ниту пријавено исчезнувањето на предмети од повеќе музеи а инспекциските комисии во кои членувале и вработени од Музејот на Макеоднија едноставно препорачувале бришење на исчезнатите предмети од евиденцијатА наместо отворање на истрага.

„Истрагата дојде до записници за извршен инспекциски надзор од страна на комисии во кои учествувале и вработени во Музејот на македонија во кои наместо отворање на истрага за кражба се сугерирало бришење на исчезнатите предмети од повеќе музеи во земјава од секаква евиденција“, вели за Пресс24 портпаролот во МВР Иво Котевски.

Истрагата открила и над 3.000 фантомски предмети кои не биле внесени во било каква евиденција. Вредни артефакти се чувале во дел од канцелариите на кустосите во Музејот на македонија. Полицијата поднесе посебен извештај до јавното обвинителство во кое не се посочуваат осомничени лица но се прави пресек на досегашната истрага и се даваат насоки за понатамошно делување.

Во него стои и дека меѓшу исчезнатите предмети се и четири исклучително вредни артефакти кои се искористени и на македонските банкноти од 500 и 1000 денари.

Полицијата веќе сослуша голем дел од вработените а спроведено беше и тестирање на полиграф.

 

Музејот на македонија е сеуште затворен за посетители и е под силен полициски надзор.

 

 

12.12.2013 - 15:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега