Голема трагедија: Пожарникар загина додека гаснеше автомобили во Франција

 

Загина  пожарникар во немирите во Франција траат веќе една недела.

Пожар избувнал во подземна гаража на станбена зграда во Сен Дени на северот од Париз вчера во три часот по полноќ. Почнал да се шири на катовите и станарите морале да бидат евакуирани.

За гаснење на пожарот дошол пожарникар (24), кој починал на работното место. Отворена е истрага за утврдување на околностите на пожарот.

Сè уште не е воспоставена формална врска меѓу тој инцидент и урбаните немири што ја потресоа Франција од вторникот, кога полицаец го уби Нахел М. (17), од северноафриканско потекло, за време на сообраќајна контрола во париското предградие Нантер. Неговото тело беше погребано во саботата на гробиштата Мон Валеријан во истото предградие.

Адвокатите на семејството на момчето побараа од медиумите да не присуствуваат на погребот поради почитување на приватноста на ужаленото семејство.

03.07.2023 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега