НСА: Америка најдобро се заштитува со шпионирање

Шефот на Агенцијата за национална безбедност на САД изјави дека масовното собирање телефонски податоци е неопходно за да бидат прислушкувани комуникациите меѓу осомничени за тероризам.

Директорот генерал Кит Александер нагласи дека не знае подобар начин Агенцијата да ги заштити САД од надворешни закани освен преку шпионски програми со собирање податоци за телефонски разговори и интернет комуникации.

Тој повика сенаторите да не ја прекинуваат програмата за собирање податоци бидејќи нагласи дека глобалните закани се зголемени особено во Ирак и Сирија што претставува „ризик“

12.12.2013 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега