Спасувањето на подморницата забавено поради документација: Американците не даваат согласност да се тргне кон Титаник
Виталната опрема потребна за спасување на подморницата, која исчезна додека се движеше кон потонатиот брод Титаник, ја задржуваат американските власти кои не успеаја да ја одобрат документацијата, тврди една туристичка компанија.
Подморницата „Титан“, изгубила контакт во неделата наутро, еден час и 45 минути откако се упатила кон познатата хаварија.
Петте лица во бродот во понеделникот беа именувани како татко и син Пакистанци, британски милијардер авантурист, ветеран на француската морнарица и главниот извршен директор на компанијата.
Од вчера, на подморницата ѝ останаа 96 часа или четири дена воздух.
Сепак, спасувачките напори се попречени од бирократијата на американската влада, бидејќи авионот што превезува опрема на британскиот остров Гернзи не може да лета до местото на настанот додека не се потпише документацијата.
„Мора да одиме. Немаме ни минута. Мораме да одиме сега. Оваа опрема седи на пистата со часови. Американската влада вели дека луѓето кои треба да дадат согласност се „надвор од должност“. Тоа е неприфатливо“ – изјави Дејвид Конканон, советник на „Океангејт“.
Конканон, кој претходно водеше експедиција и нурна неколку пати до местото на Титаник, требаше да биде експерт на патувањето до потонатиот брод во неделата – но итен случај на клиент го задржа на брегот.
Тој рече дека секоја минута се брои во трката за наоѓање и извлекување на подморницата.
„Ако се движиме брзо, до локацијата можеме да стигнеме за 40 часа. Ако преку ноќ ги извадиме средствата од островите Гернзи, можеме да ги мобилизираме на брод за еден ден и да стигнеме таму – рече тој.
Експертите изнесоа три можни теории за ненадејно исчезнување на подморницата.
„Мислам дека постои оптимистичка опција дека или изгубиле контакт со контролниот центар или имало дефект, но подморницата продолжува да функционира, но очигледно не е во контакт со својот матични брод. Исто така, можно е да се случила катастрофална трагедија, а подморницата да се заглавила во остатоците од Титаник. Се уште не го знаеме одговорот“ вели поранешниот контраадмирал Крис Пари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа