Вељаноски службено во Тирана
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ќе отпатува во Тирана каде се сретне со неговиот албански колега Илир Мета и ќе се обрати пред пратениците на Собранието.
Според најавите, Вељаноски ќе се сретне со албанскиот премиер, Еди Рама и со албанскиот претседател, Бујар Нишани.
Амбасадата на Република Македонија во Тирана вечерва ќе приреди прием по повод 20 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Албанија и Република Македонија на кој ќе присуствува и претседателот на Собранието.
12.12.2013 - 08:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа