Милионерка бара сопруг преку оглас
Милионерка од Саудиска Арабија објавила оглас во тамошен дневен весник во кој бара кандидат за нејзин сопруг.
Оваа жена има 55 години и е мајка на 4 деца а себе си се нарекува „Фатун“. Нејзин главен услов е кандидатот да не се ожени со неа поради парите, а навела и дека нема да биде лоша кон него.
Исто така во огласот наведува дека би било добро кандидатот да не биде постар од неа, да биде паметен и образован. Сепак, во огласот не наведува никаков контакт.
Ова е втора богаташка која бара маж преку оглас, пишува Emmirates 24/7. Пред две години, непозната 33 годишна жена исто така со помош на весниците барала добар сопруг и за него нудела 330 милиони долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа