Операција Златна кугла: Стотици гости и милиони фунти за првото крунисување во Британија по 70 години

 

 

Крунисувањето на кралот Чарлс Трети ќе се случи в сабота, на 6 мај, речиси девет месеци откако тој се искачи на тронот по смртта на својата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Настанот е планиран во тајност речиси две децении, под кодното име „Операција Златна кугла“.

Кралот Чарлс има одбивност кон помпа и е длабоко прилагоден на кризата со зголемени трошоци за живот додека го планирал своето крунисување, велат упатени извори.

На церемонијата ќе присуствуваат околу 2.000 луѓе, а се претпоставува дека за неа ќе бидат потрошени милиони фунти.

И покрај извештаите дека ќе биде помала и поедноставна од тричасовната екстраваганца што ја имаше неговата покојна мајка во 1953 година, изворите сепак признаваат дека на неговото крунисување нема да недостасува раскош и величественост.

Моментот кога еден нов монарх е формално крунисан е историски, но целата служба е многу повеќе од поставување круна на главата на монархот.

Верската церемонија натопена во симболика била емитувана на телевизија само еднаш претходно, кога мајката на кралот Чарлс била крунисана во 1953 година.

Се смета за клучен момент за медиумот телевизија. Според британските медиуми, се проценува дека огромна публика од 20 милиони Британци ќе го следат настанот во живо на своите телевизори.

За да се уверат дека американската и канадската публика ќе може да ја гледа церемонијата истиот ден, американските мрежи резервираа простор во авионите на Кралското воздухопловство (РАФ).

05.05.2023 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега