Уште едно лице се зарази со смртоносниот коронавирус

Француските здравствени власти потврдија дека уште едно лице е заразено со коронавирусот (nCoV) близок до вирусот САРС (акутна респираторна инфекција). Лицето било во допир со првозаразеното лице.

Новозаразениот бил во контакт со првиот пациент и ја делел истата болничка соба во Валенсиан, во моментот кога се уште не знаело дека лицето било заразено и било примено на болничко лекување заради проблеми со дигестивниот систем.

Со потврдувањето на дијагнозата на второзаболеното лице се потврдува дека коронавирусот може да се пренеси од човек на човек.

Првозаболениот е шеесетгодишно лице кое се вратило од патување во Дубаи и ја споделил болничката соба со второзаболениот, пред да биде дијагнозирана акутна респираторна инфекција.

Двајцата заболени се наоѓаат на болничко лекување во Универзитетската болница во Лил. На двете лица им се даваат антибиотици, но ефикасен лек за коронавирусот засега не е откриен.

Здраствената состојба на првозаболениот е се уште сериозна, но таа е стабилизирана. Тестовите за другите три лица за кое се сомневаше дека се заболени од коронавирисот се покажаа негативни, станува збор за двајца членови на медицинската екипа од болницата во Дуе и еден помлад член на семејството на првозаболениот.

Здраствените власти на Франција идентификуаа 124 лица од опкружувањето на првозаболениот, кои биле во контакт со него, исто како и во болниците во кои се лекувал.

Француската министерка за здраство Маризол Турен најави воведување на систем за информирање во меѓународните аеродромите за патниците кои патуваат кон и од Саудиска Арабија.

Истовремено се советува да се преземат мерки на претпазливост, како редовно миење на рацете, но и избегнување на контакт со животни.

Од септември 2012 до денес се потврдени 34 случаи на заболување од овај нов вид на вирус од страна на Светската здраствена организација, 18 лица починале од кои дури 11 во Саудиска Арабија.

најчитано сега