Неколку скопски населби утре без електрична енергија

Делови на Скопје утре ќе бидат без електрична енергија. Корисниците кои живеаат на улиците  „Христо Татарчев“ и „25“.од населбата Припор од  8.30 до 14 часот  ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 8 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Јурумлери, Дрма, „Пилко“, „АнаКом“ до село Мралино, селата Чојлија, Орланци, Ржаничино, Сушица, Средно, Горно и Долно Коњари до селото Живиње, Миладиновци, наплатната рампа до Грушино, Идризово, АРМ и МАТ во аеродром Петровец, Катланово, Летевци, Брезница, Бадар, Кожле и Катлановска Бања.

Како што информира РЦУК, прекините се поради  реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони. 

 

10.12.2013 - 15:02
Фото: 
скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега