Ермира Мехмети реши: Јавноста не треба да се грижи кој го уриваше споменикот на Цар Душан

 

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети реши дека не е важно кој го уривал споменикот на Цар Душан, туку кој го поставил. Таа денеска од Собранието и порача на јавноста да не се грижи за вандализмот на нејзините сопартијци, туку да излезе со информација, кој го поставил споменикот.

„Јас не сакам да се занимавам со последиците сакам со причините. Нема јасен одговор, кој, кога, зошто, го постави тој споменик. Мислам дека јавноста не треба толку да се грижи кој го уривал споменикот, поважно е кој го поставил тајно. Нашето присуство во петокот беше со цел да се избене ескалирање на ситуацијата“, - рече Мехмети

Нејзиниот споратиец и градоначлник на Чаир Изет Меџити призна дека бил присутен на вандалскиот чин на рушење на споменикот, но и тој се амнестираше од одговорност, бидејќи како што рече, не било важно кој го руши споменикот, туку кој го поставува.

10.12.2013 - 14:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега