Пожар на "Џон Кенеди" во Чаир - скопјанец остана без своето "Ауди А8"

 

Вчера наутро околу 4 часот, на улицата "Џон Кенеди“ во Скопје, непознат сторител подметнал пожар во паркиран автомобил „Ауди А8“, со германска национална ознака, сопственост на 43 годишниот М.Р.

Сторителот успеал да го отвори стаклото од предната десна врата, внатре во возилото испрскал запаллива материја, и фрлил парче од плетена ракавица, која најверојатно била запалена.

Сопственикот на автомобилот успеал да го изгасне пожарот, но, сепак возилото претрпело голема штета.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот. 

најчитано сега