Бајден ќе се кандидира на изборите во 2024 година
Американскиот претседател Џо Бајден (80) денеска изјави дека планира да се кандидира за претседател во 2024 година, но дека „сè уште не е подготвен да го објави тоа“.
За време на неформален разговор при велигденската церемонија во Белата куќа, на новинарско прашање на колку настани има намера да учествува во претседателската резиденција, тој рече дека планира да се кандидира за функцијата.
Планирам да се кандидирам, но сè уште не сме подготвени да го објавиме тоа, истакна Бајден.
И покрај нискиот рејтинг на Бајден, демократите посочија дека сите се за кандидатурата за реизбор на Бајден дури и пред тој официјално да ја објави својата намера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа