Помош за семејствата од Тенеќе Маало чии куќи изгореа во пожар

Семејствата од Тенеќе Маало во Топанско поле на кои им изгореа куќите во текот на викендов, ќе добијат пакети храна и ќебиња од Дирекцијата за заштита и спасување.

Советот на општина Бутел на денешната 11-та вонредна седница донесе одлука за доделување еднократна парична на 30-тина семејства.

- Семејствата ќе добијат по 30 илјади денари еднократна парична помош за првично расчистување на штетите од пожарот, информира општина Бутел.

За жал, семејствата викендов останаа без покрив над главата во пожар кој ги зафатил нивните куќи околу 2 часот и 7 минути во неделата. Се интервенирало со 17 возила и 45 пожарникари. 

10.12.2013 - 13:06
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега