Јапонија го ограничува бројот на туристи на еден остров: Секојдневниот живот на населението е нарушен

 

 

Јапонскиот остров Ириомот во префектурата Окинава на југот на Јапонија од април ќе може да прими само 1.200 посетители дневно, со цел да се спречи прекумерниот туризам, кој се меша во секојдневниот живот на населението и го оштетува локалниот екосистем, соопшти денеска владата на таа префектура.

Целта на локалната власт е да го ограничи бројот на туристи на островот познат како „Галапагос на истокот“ на 330.000 годишно, пренесува Kyodo.

Островот е популарен поради природните пештери, но и поради посебниот тип на диви мачки кои живеат само таму. Мерките засега не се задолжителни, но се повикуваат надлежните да соработуваат.

Пред пандемијата на коронавирусот, островот, кој има околу 2.400 жители, примал околу 300.000 посетители годишно.

Поради преголемиот број на туристи имаше проблеми како недостиг на вода и сообраќајни несреќи во кои угинаа загрозени диви мачки.

Во 2008 година, Центарот за заштита на дивиот свет Iriomote процени дека популацијата на диви мачки е во опаѓање, а само околу 100 останале на островот.

29.03.2023 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега