Зеленски: Секоја руска победа може да биде опасна

 

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ако Украина го загуби Бахмут, Москва би можела да работи на меѓународна поддршка за договор кој ќе бара неприфатливи компромиси од Киев.

Тој, исто така, го покани кинескиот лидер, кој неодамна беше во Москва, да го посети и Киев.

„Доколку Бахмут падне во рацете на руските сили, нивниот претседател Владимир Путин ќе ја „продаде“ оваа победа на Западот“, рече Зеленски во интервју за Асошиетед прес.

Украинскиот претседател разговарал со АП во возот со кој патувал во градовите во близина на фронтот.

Тој изрази загриженост дека ќе има пад на поддршката во САД. „САД навистина разбираат дека ако престанат да ни помагаат, нема да победиме“, рече тој.

Тој призна дека загубата на Бахмут, која се водеше седум месеци и беше најдолгата во војната досега, ќе биде скап политички пораз, пренесе Денес.рс.

29.03.2023 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега