“НЕ за уште една жртва!" - Кампања против родовото и семејното насилство
Женската граѓанска иницијатива „Антико“ и дел од нејзините млади активисти – средношколци денеска ќе се вклучат во меѓународната кампања “16 дена активизам против насилството над жените”. Под мотото “НЕ за уште една жртва! СТОП за родовото и семејното насилство!” ќе бидат доделени 20.000 примероци едукативни, промотивни и информативни материјали во Стара Скопска Чаршија, Плоштад Македонија, Веро Џамбо Центар, Сити Мол), како и во другите градови низ Македонија.
- Целта на оваа активност е елиминирање на родовото и семејното насилство, сензибилизирање на пошироката јавност, подигнување на свеста за деструктивноста на овој проблем и препознавањето на корените на насилството, велат организаторите.
Акцијата се одвива во рамки на проектот “Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата” финансиран од страна на ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа