Лавров на конференција зборува дека Русија се обидела да ја запре војната, публиката му се изнасмеа

 

Шефот на руската дипломатија деновиве е во Индија бидејќи во Њу Делхи се одржува самитот на Г20.

Лавров вчера накратко се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Лавров сепак денеска зборуваше на конференција. Меѓу другото, тој на конференцијата рече дека Русија се обидела да ја запре војната.

„Војната, која се обидовме да ја запреме, беше започната против нас користејќи ја Украина“, рече Лавров.

Додека тој зборуваше, луѓето од публиката гласно се смееја. Лавров застана за момент, но потоа продолжи да зборува,пренесе Индекс.хр.

03.03.2023 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега