Ковачевски: Ветингот е потребен, за негово спроведување разговараме и со Европската комсија
Ветингот не може да се однесува само на судиите и обвинителите, тој се однесува на сите избрани и именувани функционери, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во реплика на собраниската седница.
„Потребен ни е ветинг затоа што ние како држава 31 година го немаме направено, затоа што немало полиитчка волја. Вие од ВМРО-ДПМНЕ сте биле на власт 11 години па не сте го направиле тоа“ порача Ковачевски.
Претседателот Ковачевски најави дека за ветингот се разговара и се разгледуваат опции ветингот да се спроведе со поддршка на Европската унија.
„Веќе разговарав со претседателката на Европската комисија дека сакаме на експертско ниво да разговараме и спроведеме ветинг на сите избрани и именувани функционери, како и за сите кои ќе бидат избрани или именувани на функција“ посочи претседателот Ковачевски.
Во однос на министерот Тупанчевски, Ковачевски посочи дека тој за него има само пофални зборови, дека тој е најреномираниот професот по кривично право на Универзитетот Св Кирил и Методиј.
„Тупанчевски својот мандат го заврши со својата оставка, што ја поднесе во заеднички договор со мене и тој ќе има нов професионален предизвик во својата кариера, што ќе биде значаен за нашата држава“ порача Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа