Алфите со полни раце работа - привеле 357 лица

Алфите во текот на минатиот месец биле со полни раце работа. Според податоците од МВР, Алфите минатиот месец извршиле легитимирање на 1061 лица, преглед на 109 автомобили,  а по разни основи привеле вкупно 357 лица.

Од приведените по  основ на телеграма 55 лица, потраги, гласник и наредба од Основен суд  45 лица,  под сомнение за извршено кривично дело  22, по извршено кривично дело  48 лица, на лице место во вршење на кривично дело –21 лице, за издржување на казна затвор –деветмина, за утврдување на идентитет   11 лица, за држење недозволени предмети – шест лица и тројца странски државјани со нерегулиран престој во земјава. 

Исто така, во текот на минатиот месец Алфите привеле и 70 лица кои го нарушиле јавниот ред и мир.

АЛфите имале и асистенција во одземање мобилен телефон, извршиле контрола на угостителски објекти, предале три лица кои се обиделе да извршат тешка кражба, фатиле возило натоварено со дрва, предале 17 странски државјани, и привеле лица кои биле фатени со марихуана.

 

09.12.2013 - 12:46
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега