Претепана ќерката на пејачот Џеј

 

Српскиот пејач Адил Максутовиќ во петокот навечер ја претепал својата сопруга Ана, инаку ќерка на познатиот пејаќ Џеј, која се породи пред неполни два месеца. Како што пренесува српскиот Курир, пејачот ја претепал ќерката на Џеј, најпрво удирајќи и шлаканици, а потоа ја удирал и во пределот на стомакот.

Кавгата почнала поради ситница, а прераснала во физичка пресметка и се претворила во вистински хорор за девојката. Таа со безброј модринки по телото лежела долго на кревет во својата куќа, а потоа се јавила во полиција. Потоа си ги собрала работите и си заминала кај мајката.

За овие информации, пејачот Џеј вели: Точно е се, што да кажам освен дека е голема срамота...

 

09.12.2013 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа