Дел од Кисела Вода утре без струја

 

Одредени објекти во општина Кисела Вода утре ќе останат без електрична енергија.

Од 11 до 13 часот, фирмата Нипром Текс во кругот на фабриката Мирка Гинова ќе биде без струја, а во периодот од 7 до 9 часот маркетот Тинекс во населбата Кисела Вода. 

Во понеделник, пак, од 8 до 10 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Петровец, Чојлија, Еуро Ленд, Фазанерија, Блаце, Бадар и село Кожле и тунелот во Катланово, во општина Петровец.

07.12.2013 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа