Прашањето ОМО Илинден повторно на дневен ред во Стразбур

Комитетот на министрите на Советот на Европа, на последната седница одржана на  5 декември 2013 година, одлучи да продолжи  со следењето на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од страна на Бугарија за двата предмети ОМО Илинден и другите 59491/00.

Комитетот на Министрите во својата одлука потсетува дека бугарските власти во 2007 и 2008 година презеле мерки за да се усогласи практиката на бугарските судови со барањата на членот 11 од ЕКЧП и дека судот од Благоевград зел во предви некои од овие барања.

Комитетот на министрите забележува со интерес дека  бугарските власти подготвија изменет Акциски план доставен до Комитетот на 28 ноември 2013, кој содржи дополнителни конкретни мерки кои треба да се преземат, меѓу другото да се појасни надлежноста на судови според бугарскиот закон дека регистрацијата на една асоцијација не значи дека државата или судот треба да ги одобри позициите и целите на организацијата или дека ја прифаќа нивната валидност. Притоа се охрабруваат бугарските власти да го спроведат набрзо претставениот Акциски план во тесна соработка со Секретаријатот на КМСЕ.

Дискусиите во КМСЕ се зад затворени врати и доверливи, од нив ретко нешто излегува за јавноста, освен официјалните одлуки и документи.

 

06.12.2013 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа