Избувна пожар во Мурат-пашината џамија во Старата скопска чаршија

Пожар избувнал синоќа во Мурат-пашината џамија во старата скопска чаршија. За среќа, случајните минувачи кои го забележале пожарот кој беснее, веднаш се јавиле во пожарна и полиција, па била спречена поголема штета и трагедија.

Со брзата интервенција било спречено да изгори објектот и пожарот да се прошири кон соседните објекти.

Полицијата истражува како избувнал пожарот.

06.12.2013 - 14:58
Фото: 
википедија.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа