Српската полиција претресе 909 локации низ целата земја

 

 

Во Србија момнтално се спроведува голема полициска акција наречена „Гром“, во операцијата е извршен претрес на 909 локации во целата земја и се очекува да бидат под истрага 242 лица, од кои досега се приведени 127 лица, соопши премиерот Ивица Дачиќ.

Тој истакна дека акцијата „Гром“ се спроведува со цел да се спречи производството и продажбата на дрога. - Таа е удар врз дистрибутивните мрежи, додаде српскиот премиер.

Дачиќ  изјави дека акцијата е дел од општата и остра борба против организираниот криминал, наркотиците и финансиските злоупотреби.

Според него, засега се извршени 134 заплени, пронајдена е една лабораторија, повеќе парчиња оружје, дрога и расветелено е едно убиство.

Дачиќ додаде дека акцијата продолжува и нагласи дека националната борба против организираниот криминал и воспоставувањето правна држава се приоритети

06.12.2013 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа