Светските лидери тагуваат по Нелсон Мендела

Лидерите од целиот свет испраќаат телеграми со сочуство за смртта на првиот црн јужноафрикански претседател и икона на борбата против апартхејдот, Нелсон Мандела, кој почина синоќа во својот дом во Јоханесбург на 95-годишна возраст.

Британската кралица Елизабета Втора соопшти дека е длабоко потресена од веста за смртта на „борецот против апартхејдот Нелсон Мандела“.

- Тој неуморно работеше за доброто на својата земја. Неговото наследство е мирната Јужна Африка, се наведува во соопштението на Бакингамската палата.

Кралицата потенцира дека има многу добри спомени од своите средби со Мандела и изрази им сочувство на неговото семејство и народот.

Принцот Чарлс, исто така, му оддаде почит на Мандела, нарекувајќи го „инкарнација на храброста и на помирувањето“, кој го промени животот на многумина со својата борба за мир, слобода и праведност.

Рускиот претседател  изрази жалење поради смртта на Нелсон Мандела. Во телеграмата до јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума тој им изрази сочуство и поддршка на сите роднини и блиски на Мандела, како и на целиот народ на Јужна Африка.

- Со името на Мандела е нераскинливо поврзана цела епоха во новата историја на Африка, обележена со победата над апартхејдот и изградбата на демократската Република Јужна Африка, соопшти прес-службата на Путин.

Путин  забележа дека Мандела минал преку најтешки искушенија, но до крајот на својот живот останал верен на идеалите на хуманизмот и праведноста.

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов животот на Мандела го посочи како „пример за сите кои мислат за својата земја“ и соопшти дека загубил пријател, кого добро го познавал.

- Мандела е човек кој заслужува сите да му искажеме голема благодарност за тоа што го направи. Неговиот спомен ќе остене вечен, објави Горбачов.

Норвешкиот Нобелов комитет му оддаде почит на Мандела, нарекувајќи го „едно од нај-големите имиња во долгата историја на Нобеловата награда за мир“.

Поранешниот јужноафрикански лидер го доби ова престижно одликување во 1993 година, заедно со тогашниот јужноафрикански претседател Фредерик де Клерк за своите напори за помирување по децениите апартхејд во земјата.

 

06.12.2013 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега