"Што можат да ми земат кога го нема мојот Андрија?" - сопругата на братот на Саво Милошевиќ скршена од тага
Не престануваат проблемите и трагедиите во семејството на српскиот фудбалер Саво Милошевиќ. Како што веќе пренесоа српските медиуми, пред само неколку денови неговиот брат Андрија Милошевиќ го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа, а на денот на погребот, крадци му ја ограбија куќата.
Даниела Милошевиќ, сопругата на покојниот брат на фудбалерот е скршена од болка. - Нека носат се, сега и онака нема што повеќе да ми земат кога го нема мојот Андрија...изјавила таа откако дознала за грабежот, пренесе Курир.рс.
Пријател на семејството вели дека целото семејство е завиено во црно бидејќи трагедиите се нижат една по друга. Тој е згрозен како некој можел да ја ограби куќата на Андрија, додека најблиските го испраќале во вечното живеалиште.
- Даниела е згрозена од кражбата. Како да не беше доволно што ја изгуби љубовта на својот живот. Па, зар крадците мораа да го направат ова на тој ден?, вели изворот.
Инаку, ова беше само уште една од низата трагедии во семејството откако неодамна почина и нивниот дедо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа