По 44 години за прв пат си ја видела својата мајка

Анџела Палмер по 44 години ја пронашла својата мајка. Таа по долго време дознала дека татко и ја киднапирал од нејзината мајка од Хрватска после разводот. Тој со години ја криел вистината бидејќи и тој се криел од полицијата.

Анџела успеала да стапи во контак со својата мајка и тоа преку Фејсбук, а сега пред ена има нова задача да собере пари за мајка си и нејиниот сегашен сопруг од Хрватска да ги донесе во својот дом во Америка. Таа се ангажирала преку страницата Fundly да собере 4.000 долари за две повратни авионски билети, моментално собрала околу 1.2000 долари.  Анџела го опишува најважниот и најемотивниот момент во енјзиниот живот а тоа е првата средба со нејзината мајка.

„Бев на работа кога добив покана за пријателство од жена по име Хелга Шимецки од Хрватска. Не обраќав внимание на тоа премногу, бидејќи секој ден добивав покани од секакви луѓе“ – раскажала Анџела како тоа се’ започнало.

Но љубопитноста проработела кога ја прочитала пораката од Хелга на германски јазик, на која таа прашувала каде е родена.

Рече дека таа е мојата мајка. Бев во шок, бидејќи бев убедена дека таа ме напуштила уште како бебе. Ми рече дека татко ми е баран во Германија поради кражба и семејно насилство, но дека успеал да побегне од апсење, постојано менувајќи го своето престојувалиште“ – раскажува Палмер, која не го видела ниту татко си 18 години, кога ја напуштила Германија, каде што живееле, и дошла во Америка за да студира.

Анџела се сеќава дека до тогаш се имале преселено дури 12 пати, а тој тоа го правдал со своето занимање – трговски патник.

„Слушнав дека умрел пред неколку години и тоа е се’ што знам“ – вели таа.

 

 

 

04.12.2013 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега