МВР: Уште две нови дојави за бомби во училишта - вршиме евакуација на сите осум
Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека ваква закана стигнала и на електронските адреси на уште две училишта, штотуку информираат од МВР.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите осум училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат оттаму.
02.11.2022 - 15:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа