Ковачевски свикува лидерска средба: Какви одлуки ќе паднат в понеделник?


„Ве информираме дека претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, која ќе се случи на 7.11.2022 година (понеделник), во 12:00 часот во Собранието на Република Северна Македонија“. Оваа информација штотуку стигна од Владата на РСМ во соопштение до медиумите.

Оттаму велат дека средбата ја свикуваат за да се отворела дискусија за европска индина на државата, но и за одлуките коишто треба да бидат донесени во следниот период во законодавниот дом.

„Средбата која ја свикува претседателот на Владата, Ковачевски се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.

Ве информираме дека поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, 2.11.2022 година“, се вели во соопштението на Владата.

01.11.2022 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега