Сестра ми е пратеничка на СДСМ но тоа е нејзина работа - јас сакам да ме изгласаат за уставен судија
Мојата сестра е пратеничка, тоа не е тајна вели судијката Антоанета Димовска која бара од Судскиот совет да биде предлог за уставен судија за кој ќе треба баш пратениците да гласат на пленарна седница. Димовска е сестрата на пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчевска, која ако Судскиот совет одлучи да ја предложи, во Собранието ќе треба да гласа за нејзиниот избор.
„Мојата сестра е пратеничка, тоа не е тајна, таа се бави со политика, тоа е нејзина професија, ова е моја професија во која сум го вложила целиот мој работен век и постојано работејќи и учејќи и дури можеби звучи навредливо кога никој не гледа како личност со професија туку како нечија сестра“, вели Димовска за ТВ 24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа