СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го повика Мицкоски да ја отстапи струјата од неговите хидроцентрали на граѓаните
СДСМ побара од ВМРО-ДПМНЕ да го повика Христијан Мицкоски струјата која е произведена во неговите хидроцентрали бесплатно да ја даде на домаќинствата.
„Наместо да фабрикува лаги ВМРО-ДПМНЕ нека го повика Мицкоски да даде конкретна поддршка на граѓаните, наместо да ги полни џебовите од фактурите за продадена електрична енергија. И во време на криза и години претходно Мицкоски се богател на земјиште доделено од неговиот шеф Груевски“, се вели во соопштението.
Од паријата сметаат дека Мицкоски воопшто не е загрижен за енергетската и економската состојба во државата.
03.10.2022 - 18:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа