Кој е возачот кој го загуби животот заедно со Пол Вокер?

Актерот познат по филмот "Брзи и бесни", Пол Вокер, синоќа го зави цел свет во црно кога го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа. Вокер седел на совозачкото место, а со автомобилот Порше управувал неговиот пријател, Роџер Родас, кој за жал исто така го загби животот во трагедијата.

Според информации од Е-Њуз, Вокер и Родас биле пријатели долги години, имале исти цели и интереси, а она што најмногу ги спојувало била огромната љубов кон семејството. Двајцатаја делеле огромната страст кон автомобилите и често знаеле да се тркаат еден со друг.

Вокер и Родас биле сопственици на работилница и сервис за автомобили.

Од вчера, цел Холивуд е завион во црно, по трагичната вест за смртта на актерот.

02.12.2013 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа