Поради смртта на Вокер одложено снимањето на "Брзи и бесни"

 

Поради трагичната сообраќајна несреќа во која вчера животот го загуби актерот Пол Вокер, одложено е натамошното снимање на седмиот дел од „Брзи и бесни“. 

Актерската екипа требаше денеска да се врати на работа по празникот Денот на благодарноста, но поради смртта на Вокер, тоа нема да се случи. Режисерот на филмот Џејмс Ван и раководството на компанијата Јуниверзал одржале телефонска седница на која разговарале за иднината на филмскиот проект, а станало збор и за можни измени во сценариото со цел да се изнајден начин да му се оддаде чест на Вокер.

Вокер го глумеше Брајан О`Конор во популарниот серијал.

02.12.2013 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега