ФОТО: Пејачката Марија Шерифовиќ го изгубила постариот брат

Српската пејачка Марија Шерифовиќ во „Сава центар“ го промовираше својот документарец „Исповест“, во кој зборува за своите најголеми семејни тајни, но како што пренесува српскиот весник Курир, таа сепак сокрила дека имала уште една постар полубрат, Душан Шерифовиќ, кој за жал починал пред неколку месеци на 42. годишна возраст.

Според српскиот Курир, Душан како и останатите од семејството Шерифовиќ, се занимавал со музика.

- Долго се занимавам со музика, но не направив некоја голема голема кариера поради здравствени проблеми. Од мали нозе имама проблеми со срцето и постојано сум под терапија и надзор од доктор. Постојано мора да одам на прегледи, неколку пати ме оперираа. Се занимавам со компонирање, во 199 година објавив сингл и многу британски критичари ме оценија како добар и талентиран музичар - изјавил во една прилика постариот полубрат на Марија.

Марија на прашање зошто не раскажала ништо за постариот брат одговара: - Нема да добиете одговор на тоа прашање. Тоа би бил допирање до болни работи. Трагични! Нејзиниот постар брат е починат, умре ненадејно пред неколку месеци. Инаку беа во одлични односи. Таа нескааше да го споменува за да не се протолкува во јавноста како нејзин маркетинг - изјавиле од ПР службата на Шерифовиќ.

02.12.2013 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега