Груевски во лов на инвестиции во Велика Британија и Франција

Владина делегација составена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор Веле Самак и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, а предводена од премиерот Никола Груевски, од денеска престојува во работна посета на Велика Британија и Франција. 

На форумот во Лондон, покрај обраќањето на премиерот Груевски, презентации за инвестициската клима на Македонија ќе одржат и претставници на „Џонсон Мети“ и на „Кемет Електроникс“ корпорацијата. Предвидена е и посета на медицински установи и болници заради разгледување на опциите и можностите за воспоставување соработка со македонските јавни здравствени установи.

Премиерот Груевски и делегацијата ќе остварат и средби со македонски иселеници кои живеат или работат во Лондон и Париз. 

01.12.2013 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега