Пратениците ја завршија расправа за Буџетот за 2014

Заврши расправата за Предлог-Буџетот за 2014 година, иако не беа разгледани сите 684 поднесени амандмани. 

Сите амандмани ќе бидат дел од Извештајот на Комисијата, кој најнапред ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Трајко Вељановски кој потоа ќе го проследи до Владата. Откако ќе биде вратен од таму, Собранието на седница во рок од пет дена ќе треба да го донесе Буџетот за следната година. Седницата се уште не е закажана.

- Комисијата за финансирање и буџет во рокот утврден со Деловникот на Собранието водеше претрес по 291 амандман поднесени од овластени предлагачи, пратеници. Со оглед на тоа што рокот утврден со членот 180-а од Деловникот за претрес по предлогот на Буџет измина, Комисијата не водеше претрес по амандманите од реден број 292 до 684 од списокот на амандмани. Сите овие амандмани што не се дел од претресот ќе бидат дел од Извештајот составен од Комисијата и испратен до претседателот на Собранието, изјави претседателот на Комисијата Марјанчо Николов.  

Од вкупно 684 амандмани, 316 беа на СДСМ, 178 на НДП, 150 на ДПА, 33 на ПЕИ, а НСДП имаше поднесено седум.

01.12.2013 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега