Младите ќе се едуцираат за сексуалните различности - трибина во гимназијата „Никола Карев“

„Пол/род, сексуални различности – дилеми и прашања кај младите” е темата на трибината која денеска ќе се одржи во гимназијата „Никола Карев“

Трибината ја иницираше и организираше училиштето „Никола Карев“ поради потребата од поголема информираност на младите околу сексуалните различности важни во процесот на себеистражување, себеразбирање и себепронаоѓање и одговор на прашањата поврзани со стекнувањето вештини за ефикасна самозаштита и заштита од можните ризици поврзани со сексуалноста.

Дискусијата ќе биде јавна и отворена за сите заинтересирани.

 

28.11.2013 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега