Што мислат граѓаните за корупцијата во општините?

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска на јавна дебата ќе ги презентира резултатите од истражувањето за перцепцијата на граѓаните за корупцијата во локалната самоуправа и резултатите од квалитативната анализа на антикорупциските мерки во секторот локална самоуправа од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2011-2015.

Локалната самоуправа, владините институции, граѓанските организации и медиумите ќе можат да ги споделат своите размислувања за ова истражување, како и заклучоците и препораките од квалитативната анализа за антикорупциските мерки во локалната самоуправа.

Свое обраќање на дебатата ќе имаат претседателот на ДКСК Ѓорги Сламков и шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Ралф Брет. 

28.11.2013 - 08:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега