И припадниците на АРМ ја засадија својата иднина

Во акцијата  „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ се вклучија и припадниците на АРМ.

Во акцијата беа вклучени 250 припадници на АРМ, водени од мотото „Засади Здравје! Засади здрава иднина“,  се ангажираа во Скопје, во реонот Мршевски рид, во Велес на пунктот кај месноста Балтак - КО Оризари, во Штип на пунктот кај местото викано Косматица, во Прилеп на пунктот кај Ропов Рид, во Ропотово - Долнени, во Кичево на пунктот кај Црвевци, во Тетово, кај Подгранада, во Куманово на пунктовите Мокро Поле – КО Липково - Слупчане и кај Старо Нагоричане и Гол Рид – КО Биљановце.

Со организираното приклучување кон оваа најмасовна еколошка акција, АРМ како и во изминатите години, соопшти ГШ на АРМ, го даде својот придонес кон обновувањето на шумскиот фонд на Република Македонија, како и во изградбата на еколошката свест за зачувување на шумите како едно од нашите најголеми богатства.

27.11.2013 - 15:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега