Попоски во Брисел: Никој не може да ја убеди Грција да не не блокира

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во Европскио парламент се сретна со европратениците Ричард Ховит, Чарлс Тенок и Едвард Кукан, со кои разговарал за евроинтеграциите на Македонија. Попоски за МИА изјавува дека сите во Брисел ја споделуваат оценката дека никој од актерите нема влијание врз процесот на носење на одлуки во Атина.

-Со сите соговорници со кои разговаравме на темата Европскиот совет да додели датум за почеток на преговорите со Македонија, тие не чувствуваат можност да се убеди Грција дека е корисно да ги започнеме преговорите и мислам дека оваа позиција на Атина е многу јасна, клучна детерминанта што влијае врз носењето на одлука за почеток на преговори. Минатите циклуси видовме дека имаше придвижување и напори да се убеди Атина, но оттаму немавме позитивен одек. Согледувањата на сите кои се внатре во системот на европските институции е дека таму не постои подготвеност за придвижување во овој правец, вели Попоски.

Министерот додава и дека Македонија ќе се обиде максимално позитивно да влијае на процесот на носење одлуки во Атина, но дека грчката ориентација е јасна.

-Во делот на запознавањето на ЕП, т.е. групата посветена на Западен Балкан, јас ќе ги информирам за сите постигнувања во изминатиот период. ЕК излезе со извештај во кој констатираше дека имаме напредок во сите оние поглавја што беа дефинирани во Пристапниот дијалог на високо ниво. Зголемениот интерес за тоа со какви тешкотии Македонија се соочува во процесот на почнување преговори е во интерес на ЕП оти европскиот законодавен дом секогаш стоел за задржување на кредибилитетот на проширувањето. Мислам дека сме во фаза во која практично сите соговорници се свесни дека потешкотиите во кои Грција се наоѓа се доволно голем товар за нив да не се занимаваат со ниту едно друго прашање. Од друга страна, пораките што ни се упатени од Атина се дека немаат волја да покажат поголемо ниво на конструктивност ни за време на грчкото претседавање со Унијата во однос ние да ги почнеме пристапните преговори, додава министерот за надворешни работи.

27.11.2013 - 14:28
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега