ВМРО-ДПМНЕ: Премногу е, народот плаќа поскапа струја, затоа што Ковачевски краде
ВМРО-ДПМНЕ смета дека народот плаќа поскапа струја, затоа што Ковачевски краде.
„Со СДСМ цената на струјата се зголеми за 30%. Народот плаќа поскапа струја затоа што луѓето од врвот на власта преку свои блиски фирми испумпуваа пари од РЕК Битола преку разни тендери, а комбинатот го оставија без основни средства за работа. И во исто време ги испразнија акумулациите.
Неработата и криминалот во енергетиката во изминативе 5 години сега граѓаните ќе го платат со уште едно покачување на цената на струјата од јули.
Повисоките сметки за струја ќе значат помалку пари за народот и поскапо производство, а со тоа и понеконкурентна економија.
Народот не може да издржи уште една зима со скапа струја, скапо парно греење, скапи горива и скапа храна.
Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
15.06.2022 - 09:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа