Ѓорче Петров ќе го разубават 6.500 дрвца

Во рамки на акцијата Ден на дрвото-Засади ја својата иднина, денеска во општината Ѓорче Петров беа засадени повеќе од 6.500 садници. Дрвца садеа вработените од општината, наставниците, учениците и граѓаните.

Првпат годинава на иницијатива на градоначалникот Сокол Митровски, беше спроведена и еко-акција-садници за пластични шишиња. За собраните шишиња училиштата добиваат бесплатен течен сапун и садови за сапунот.

Собрани се повеќе од 4.000 шишиња.

27.11.2013 - 13:35
Фото: 
Црнобело

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа