Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг
Специјалниот суд во Хаг донел одлука за продолжување на притворот за поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и поранешниот претседател на парламентот, Кадри Весели.
Медиумите пренесуваат дека таквата одлука на Судот во Хаг била донесена на 26 мај, а објавена денеска.
Одбраната на Тачи до судијата во претходна постапка трипати поднесе барање обвинетиот да биде пуштен во домашен притвор или во трета земја што понудила гаранции.
Тачи и Весели се товарат за прогон, затвор, други нехумани дела, тортура, убиства и присилно исчезнување на лица, незаконско апсење и лишување од слобода и сурово постапување, дела извршени во периодот од март 1998 до септември 1999 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа