Минчев: Таман е - во администрацијата има 22% Албанци
Во јавната администрација во моментов работат меѓу 22% и 23% етнички Албанци, објави Министерот за администрација Горан Минчев на денешната прес конференција.
„Последниот пресек од декември 2023 покажува дека етнички Албанци во јавната администрација има меѓу 22 и 23% а бројот на сите останати етнички заедници во земјава е меѓу 5 и 7%. Што значи дека горе долу овој баланс на правична застапеност во институциите е испочитуван“ рече Минчев
Тој објасни дека новото законско решение ќе биде испратено до Венецијанската комисија и дека ќе биде во согласност со Уставот за да не се случи Уставниот суд повторно да укине одредени членови од законот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа