Утврден е идентитетот на човекот што го запали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола

34-годишник од Битола е лицето кое го запали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 34-годишниот Л.А. е приведен и го признал делото.

-Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан - пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода, вели Спасовски.

Министерот вели дека нема да има „пардон“ за случајот.

Од Јавното обвинителство, пак, велат дека во моментот се прават разговори со евентуални сведоци и лица кои ќе можат да и помогнат на истрагата.

 

 

07.06.2022 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега