ВМРО-ДПМНЕ: Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече „будали“

 


„Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече „будали“. СДС упорно продолжува да ги понижува граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека СДС се нервозни од најновата анкета во која нивната партија има дополнително ослабнато споредено со изборите, но тоа не е и не може да биде оправдување за да ги вреѓаат граѓаните.

СДС не смее да го навредува народот, тоа што се спречени да крадат и затоа се најмногу нервозни треба да го земат за лекција, да се реформираат и да се исчистат од криминалци, а не да мечтеат за да продолжат по истите патеки каде што застанаа.

Очекуваме извинување од СДС до граѓаните и осуда од сите чинители во државата. Ваквиот однос на политичка партија која претендира да биде најголема опозициска партија не смее да биде пракса“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

30.09.2024 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега