Бетонски столб усмрти скопјанец - паднал врз него во дворно место од куќа во Скопје
Вчера околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место од куќа на подрачјето на Чаир, додека извршувал градежни работи, врз Ј.И.(54) од Скопје паднал бетонски столб.
Ј.И. бил пренесен во Поликлиниката Чаир, каде од страна на лекар констатирана била смрт.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
29.09.2024 - 15:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа